Црна хроника
20-годишно момче повредено во сообраќајка во Неготино

Синоќа во 00.50 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу „фиат фиорино“ со неготински регистарски ознаки, управувано од В.З.(19) од Неготино и мотоцикл „мондиал“, управуван од Г.С.(20) од с.Војшанци,Неготинско.
Во незгодата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во ЈЗУ-Кавадарци, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.