Црна хроника
202 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (8.2.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.
Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Бегалец баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”

На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со потерница од Интерпол Италија.
-Синоќа, во 22.05 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија. При гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Додаде дека лицето Џ.С. е предадено во полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
Во рамки на засилените контроли на овој премин, на кој за неколкупати е зголемена фреквенцијата на патници и возила, пред два дена беше приведен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка.
Димоски, исто така информираше дека вчера во16 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица „Веби Дибра“ во Дебар, Р.Ф.(52) од Дебар го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз И.П.(41) од Скопје. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ќерка ја тепала мајката во семејниот дом во населба Илинден

Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А.Р.(43) од село во општина Илинден затоа што во семејниот дом агресивно се однесувала и физички ја нападнала својата мајка.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја тепал сопругата со која се разведувал

Вчера во 22.20 часот, полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.