Контакт

Црна хроника

Приведени за силување девојче во кумановско Матејче

Објавено пред

Кумановската полиција поднесла кривична пријава против 24-годишник и негов 25-годишен роднина за силување на 15-годишно девојче од кумановското село Матејче

Првопријавениот 24-годишник го извршил силувањето врз малолетничката во автомобил кој го носел второпријавениот, негов роднина од селото Слупчане. Второпријавениот исто така бил во автомобилот со неговата девојка, инаку познаничка на малолетничката. Тој во текот на возењето извадил пиштол и како закана го ставил до воланот.Девојчето за инцидентот и’ кажало на мајка си која го пријавила случајот на 20-ти мај во полиција, а осомничените вчера биле приведени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Удрил во автомобил на шумска полиција, па почнал да се заканува и си го запалил возилото

Објавено пред

Вработен во шумска полиција во попладневните часови на 21 јануари во СВР Струмица пријавил дека околу 13.30 часот, на местото наречено Палазлија, во службениот автомобил „дачија“, кој бил паркиран покрај регионалниот пат Берово-Струмица, удрило возило „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки, во кое имало дрва.

Според пријавата, „мерцедесот“ бил управуван од жител на селото Старо Балдовци.

Возачот почнал да им се заканува на вработените во шумската полиција и потоа го испрскал своето возило со бензин и го запалил по што побегнал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсени тетовец и гостиварец кај кои биле пронајдени кокаин и хероин

Објавено пред

Во два одделни случаи во Тетово и  Гостивар вчера биле уапсени две лица кај кои полицијата пронашла хероин односно кокаин.

Во првиот случај, во попладневните часови на 21 јануари, на тетовската улица „Киро Ристевски – Дрнц“ бил уапсен 45-годишен тетовец, откако кај него била пронајдена дрога хероин, која по претресот му била одземена.

Во вториот случај, на 22 јануари, околу 30 минути по полноќ полицајци од полициската станица Гостивар уапсиле 31-годишник од гостиварското село Здуње, кај кого бил пронајден кокаин.

Против тетовецот и гостиварецот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тринаесет сообраќајки вчера во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатиoт ден во Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и девет со материјална штета.  Како што соопшти МВР, при сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Шеесет и осум возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 12 возачи бидејќи девет го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол. 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца не носеле сигурносен појас и осум користеле мобилен телефон додека го управувале возилото.

Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и седум кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, додека исто така 62 возила се подигнати со „пајак”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија13 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија14 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија16 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија16 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт17 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија20 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие