Црна хроника
Приведени 50 лица во полициска акција во Градски парк
Полицијата во рамките на ОА„Рсапуст“, во Градскиот парк во Скопје и околината спороведе е акциска контрола во објекти што продаваат и точат алкохол на малолетни лица
Контролаота беше спроведена и над лица кои се одааваат на пијанство на јавно место и го нарушуваат јавниот ред и мир, при што се приведени околу 50 лица.Според полицискиот извештај, легитимирани се над 100 лица, од кои во подрачната полициска станица се доведени и приведени околу 50. Од нив 16 малолетници се доведени поради купување на алкохол од околните продавници, а тројца поради козумирање алкохол. Во врска со тоа против двајца сопственици и двајца вработени во овие објекти ќе бидат поднесени кривични пријави. Останатите лица се приведени поради конзумирање алкохол и оддавање на пијанство на јавно место и нарушување на јавниот ред и мир, неносење на лични документи за идентификување и фрлање на шишиња и други отпадоци. Од страна на СВР Скопје во врска со тоа против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Инаку со цел за сузбивање на оваа појава од страна на скопската полиција и во наредниот период ќе бидат преземани вакви активности, во содејство и со други надлежни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

