Црна хроника
Германски дражвјани шверцувал лекови и прекурори на Богородица
Во четвртокот навечер, околу 21 часот при влез во Македонија на граничниот премин Богородица, откриен е обид за нелегално внесување на прекурзори за добивање дроги и лекови на територијата од државата
При извршена детална контрола на патничко комбе марка „волксваген“ управувано од германски државјанин, пронајдена е сокриено поголемо количество лекови, и тоа: 2.400 таблетки EFEDRIN ARSAN 50 mg, сокриени во десната празнина на моторот на возилото, 580 таблетки ANAPOLON 50 mg, 300 таблетки KLOMEN 50 mg, 200 таблетки PROVIRON 25 mg, 84 таблетки LEVITRA 20mg, шишиња XYLOCAINE 10% pump spray 50ml, 10 ампули SINAKORT-A-40 mg, 280 ампули SUSTANON 250, сокриени под седиштето на возачот во црни кеси.По вештачењето на одземнеите лекови од страна на Бирото за лекови, било констатирано дека запленетиот лек EFEDRIN ARSAN спаѓа во групата на контролирани супстанци, тоа е прекурзор од прва група и тој е база за добивање на синтетски дроги од групата на AMFETAMINI. Прометот со овој лек е исклучиво преку дозволи за увоз, извоз и транзит, а обидот за нелегален промет согласно Законот за прекурзори претставува кривично дело, убјасниваат од Царинската управа.За другите лекови, Бирото за лекови потврди дека согласно Законот за лекови и медицински помагала неопходна е дозвола за увоз од Бирото за лекови.Вредноста на одземените лекови изнесува околу 878.700 денари, со што е направен обид за избегнување на плаќање на давачки во износ од 161.847 денари.По констатираниот прекршок лицето било приведено од страна на царинските инспектори, а во тек е изготвување кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење на база за добивање на синтетски дроги од групата амфетамини, која ќе биде поднесена до надлежното ОЈО во Велес.Покрај лековите, при контрола на возилото во багажниот простор во вреќи и куфери меѓу личните ствари на патниците, пронајдени се и привремено одземени непријавени 480 парчиња текстилни производи (255 блузи, 190 блузони, 15 пара бермуди, 20 боксерици) и десет ремени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.