Црна хроника
Можно е денеска „Илинден“ да биде извлечен на површината?
Дополнителната опрема од Хрватска е пристигната, но, извлекувањето на потонатиот брод не е сигурно
Во Охрид, на брегот кај автокампот Елешец каде потона бродот „Илинден“ при што загинаа 15 бугарски туристи продолжуваат работите околу извлекувањето на трупот на бродот. Хрватската фирма „Дубина“ која го спроведува извлекувањето во од Сплит ја донесе дополнителната опрема а вчера и денеска наутро продолжи со подводните активности за извлекување на бродот. Извлекувањето на бродот оди споро од причини што телото на потонатиот брод е доказен материјал во истрагата со која раководи истражниот судија Весна Кичеец. Истрагата ја набљудува и заменик бугарскиот државен обвинител Георги Илиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

