Црна хроника
Запленети 15 километри телекомуникациски кабел
Цариниците при спроведување на редовни царински контроли, на 30 ноември, 1-ви и 4-ти декември, откриле 14.640 метри телекомуникациски кабел 200 компјутерски глувчиња, 180 пара фалсификувани патики, 7.200 букети од вештачко цвеќе, 192 керамички вазни и 190 пластични саксии за цвеќе
На 1-ви декември на царинската испостава Терминал Увоз Скопје, за спроведување на постапка на увозно царинење била пријавена компјутерска галантерија со потекло од Кина, наменета за скопска фирма увозник од Скопје. Стоката била натоварена во камион со македонски регистарски ознаки. По извршениот преглед на стоката било констатирано дека, покрај пријавената, има и непријавена стока и тоа 48 котури со вкупно 14.640 метри телекомуникациски кабел и 200 компјутерски глувчиња. На истата царинска испостава, денес, 04.12.2009 година, во претпладневните часови, при детален преглед на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со стока со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје, покрај пријавената стока, царинските работници од Одделението за оперативни работи откриле и непријавени 7.200 мини букети – вештачко цвеќе, 192 керамички вазни и 190 пластични саксии за цвеќе.Во двата случаи непријавената стока е привремено задржана, а против фирмите-увозници ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок во Царинската управа на Република Македонија.Покрај тоа, истот ден на царинската испостава Скопје, при детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со разна стока со потекло од Кина, а наменета за фирма-увозник од Скопје, биле откриени 180 пара патики со лого на трговските марки Адидас и Каппа. Поради основано сомневање дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки, стоката е привремено задржана и согласно одредбите од Законот за заштита на правата од интелектуална сопственост, ќе биде започната постапка за утврдување на оригиналноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

