Црна хроника
Апелација ги укина првостепените пресуди за Бучковски и Тупурковски
Се укинуваат првостепените пресуди за поранешниот министерот за одбрана Владо Бучковски и Васил Тупурковски. Апелациониот суд донесе решение предметите да се укинат и да се вратат на повторно одлучување во првостепениот суд
„И во двата предмета заради суштествени повреди на одредниците на кривичната постапка првостепените пресуди се укинуваат и се враќаат на повторно одлучување во првостепените судови“, изјави Јордан Митриновски, претседател на Апелацискиот суд во Скопје.Васил Тупурковски беше осуден на три години затвор и од него се бара да врати два милиона евра на државата. Пред околу една година Основниот суд го осуди ексминистерот и премиер Владо Бучковски на три и пол години затвор за набавка на прекумерно количество резервни делови за тенкови. И двајцата ги сметаа пресудите за политички мотивирани и без докази.На средината од јуни, Владо Бучковски ја демантираше информацијата дека Апелациониот суд Скопје расправал за неговата жалба по пресудата на Основниот суд Скопје 2, за случајот „тенковски делови“ со која е осуден на затворска казна од 3,5 години.„Пласирањето на информацијата е груба лага и невистина. Со злоупотребата на новинарот, се открива синџиротна рекетарство кој функционира во политички монтираните судски процеси со што се врши притисок врз Апелациониот суд пред одржување на јавна седница наесен. Со ваквата гнасна конструкција се манипулира и декуражира јавноста, која е мојот најсилен сојузник во битката за победа пред Апелациониот суд во Скопје, оваа есен“, изјави Бучковски по информациите дека скопска апелација ги потврдила казните за него и за некогашниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, на 3,5 години, додека поранешниот раководител на Секторот за логистика Нелко Менкиновски, поранешниот советник во МО, Ацо Ѓурчевски, и Митре Петковски, директор во МЗТ ФОП, на по три години затвор. Обвинителството ги товареше дека со набавките на резервни делови за армиските тенкови го оштетиле Буџетот за повеќе од два милиона евра, кои осудените покрај трошоците на постапката треба солидарно да ги надоместат.Тупурковски, пак, во септември покрена постапка за смена и иземање на Јани Нича како судија и Вилма Русковска како обвинител поради судскиот процес против Васил Тупурковски. Нича е судијата кој го осуди Тупурковски на три години затвор за злоупотреба на тајванските кредити како директор на Агенцијата за развој и инвестиции, додека Јован Андонов Реган беше осуден на две години затвор и обврска да ја надокнадат штетата од 2.5 милиони евра.И во жалбената постапка и во јавната кампања што ја презеде Тупурковски низ македонските градови обајснувајќи ја својата невиност, тој ги оспоруваше наводите во обвинението и пресудата за тоа како можел да злоупотреби средства од сметка на Стопанска банка за која не бил овластен да располага како и поради фактот што Агенцијата не била правно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Роб Рајнер и неговиот син Ник се скарале на божиќна забава ноќта пред убиството
Холивуд е во шок откако легендарниот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, а за убиството е осомничен нивниот син Ник Рајнер, пишува Ти-Ем-Зи.
Според извори блиски до семејството, само една ноќ пред убиството, на божиќната забава на водителот Конан О’Брајан, Роб и Ник имале жестока и гласна расправија, која ја слушнале и други гости. Кратко потоа, Роб и Мишел ја напуштиле забавата.
Извори наведуваат дека родителите со месеци се соочувале со сериозни проблеми поврзани со менталната состојба и наводната злоупотреба на супстанци од страна на нивниот син. Мишел, наводно, им се доверила на пријателите дека таа и сопругот се исцрпени и дека „пробале сè“.
Телата на Роб Рајнер и неговата сопруга биле пронајдени во неделата во нивниот дом, а Ник Рајнер бил уапсен во понеделникот и обвинет за убиство, со одредена кауција од 4 милиони долари.
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

