Црна хроника
Во Штип 21-годишно момче се задушило во автомобил

Штипјанецот Борче Михаилов на 21 година во недела наутро околу 6 часот е пронајден мртов во гаражата на неговиот дедо на улицата „Кирил Пејчинович“ бр 4.
Истражниот судија од Основниот суд во Штип, Сашко Георгиевски изјавил дека дедото на починатото момче Борче Михаилов, го пронашол во автомобилот „ровер“ во легната положба на двете предни седишта.„Дедото на момчето веднаш реагирал и видел дека неговиот внук не дава знаци на живо. Подоцна е извршена обдукција на телото и паталогот првично нема констатирано насилна смрт, а примерок од крвта е дадено на анализа во Скопје“, рече Георгиев.Тој додал дека според првичните докази од истрагата, станува збор за труење од издувни гасови од автомобилот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.