Црна хроника
Во Струга го изгазил со автомобил зашто добил ќотек
Поради претходна расправија која завршила со ќотек, натепаниот Д.Б. од с.Ливада – Струшко решил да се одмазди со автомобилот, при што го прегазил А.Ф. кој е во критична состојбa
Покрај кејот на реката Црни Дрим, лицето Д.Б.(28) од с.Ливада го прегазил Анѓелко Ф.(27) од Струга, кој поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан во Клиничкиот Центар-Скопје.
Имено, во понеделникот напладне, околу 14 часот, Анѓелко бил прегазен од БМВ-то кое го управувал Д.Б. Откако овој го удрил, движејќи се со возилото наназад, уште еднаш го прегазил и го напуштил местото на настанот.
Сето тоа се случило покрај кејот на реката Црни Дрим, а како што потврдува информацијата од МВР, причина било меѓусебно недоразбирање.
Според стружани, Анѓелко, кој работел како обезбедување, во една расправија која се случила во едно од струшките казина, го натепал на Д.Б., па најверојатно ова била неговата одмазда.
Очевидци од местото на настанот велат дека повредениот лежел безживотно на земјата, се до моментот кога дошло возилото за Итна помош. Како што кажуваат, ваквите „одмазднички чинови на бесните коцкари“ стануваат се почеста појава која го бранува мирниот град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога
Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога.
Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.
При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина жител на Кавадаречко, го прегазил трактор
Денеска во 09:00 часот во полиција е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.
Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

