Црна хроника
Грк се обидел да подмити полицајци во Скопје
Кривична пријава против еден грчки државјани е поднесена во скопската полиција поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“
Пријавениот на 17.12.2009 година, во 23:30 часот, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, на двајца полициски службеници им дал подарок од 1.000 денари за истите да не му напишат казна за пречекорување на дозволената брзина. Полициските службеници го запреле лицето Б.С. (48) од Грција поради пречекорување на дозволената брзина, што било констатирано со радарска контрола.Притоа истиот се потпишал на изготвената прекршочна пријава и записникот за извршената контрола. Но, откако полициските службеници му кажале дека казната изнесува 300 евра, пријавениот им дал на полициските службеници банкнота од 1.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

