Контакт

Црна хроника

Царинска управа во декември поднесе 17 кривични пријави против 9 правни и 27 физички лица

Објавено пред

Постапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во декември 2009 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 17 кривични пријави против 9 правни и 27 физички лица

dobivaj vesti na viber

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела царинска измама, криумчарење, фалсификување на знаци за вредност, увоз или пуштање во промет на акцизна стока, неовластено производство и промет со општоопасни материи и фалсификување исправа.  Седум кривични пријави се поднесени против седум правни и седум физички лица за сторено кривично дело „Царинска измама“, од кои:Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, државјанин на Република Турција, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од 2.008.684,00 денари, со приложување на лажни фактури во кои вредноста на стоката е прикажана значително пониска.  Имено, осомничените, со единаесет царински декларации во текот на 2007 година пријавиле за увозно царинење кондиторски производи со потекло од Турција. Поради постоење на основано сомнение дека во фактурите не е прикажана вистинската вредност на стопката, Царинската управа ги испрати предметните фактури на проверка кај царинската служба на Турција, која повратно информираше дека истите се разликуваат од фактурите издадени од страна на извозникот и тоа наместо прикажаниот износ на царинскиот орган од вкупно 150.704 евра, истата изнесува вкупно 255.255 евра. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите давачки.Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, македонски државјанин, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од 376.784,00 денари, со приложување лажен доказ за потекло ЕУР1. Имено, осомничените, со три царински декларации во текот на 2008 година, увозно оцариниле разна стока со турско потекло, за која приложиле лажен доказ за потекло- ЕУР.1, врз чија основа стоката се стекнала со преференцијален третман и намалени царински давачки. Поради постоење на основано сомнение дека доказот за потекло е лажен, Царинската управа го испрати истиот на проверка кај царинската служба на Република Турција, која повратно информираше дека е лажен. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите давачки. Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, македонски државјанин, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од 317.335,00 денари со приложување на лажни фактури во кои вредноста на стоката е прикажана значително пониска. Имено, осомничените, со деветнаесет царински декларации во текот на 2008 година, пријавиле за царинење разна стока за која при спроведување на увозната царинска постапка приложиле фактури со помал износ за транспортни и манипулативните трошоци, кои согласно Царинскиот закон, се вклучуваат во царинската основица за пресметка на увозните давачки. По извршената проверка на сметководствената евиденција од страна на Одделението за контрола на трговски друштва, пронајдени се фактури за реалните транспортни трошоци на стоката кои се разликуваат од фактурите прикажани на царинскиот орган. Истовремено со една царинска декларација е утврдено погрешно распоредување на стока во тарифна ознака, односно наместо пријавената тарифна ознака со стапка на царина од 6%, истата се распоредува во тарифна ознака со стапка на царина од 17,5%. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите давачки.Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, македонски државјанин, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од  195.882,00 денари со приложување на лажна фактура во која вредноста на стоката е прикажана значително пониска. Имено, осомничените, со една царинска декларација во ноември 2009 година започнале постапка на увоз на балони со потекло од Италија. При детален преглед на товарното моторно возило и стоката пронајдени се непријавени 2.689.130 балони и 1.303 пумпи за балони, со вредност од 993.983,00 денари. Непријавената стока е привремено одземена.Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Битола и неговото одговорно лице, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од 188.892,00 денари, со приложување лажен доказ за потекло. Имено, осомничените, со една царинска декларација во текот на 2008 година, увозно оцариниле разна стока увезена од Грција, за која приложиле лажен доказ за потекло – изјава во фактура, врз чија основа стоката се стекнала со преференцијален третман и наплатени се увозни давачки во намален износ. Поради постоење на основано сомнение дека доказот за потекло е лажен, Царинската управа го испрати истиот на проверка кај царинската служба на Република Грција, која ги потврди сомнежите на Царинската управа на Република Македонија. Со решение во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите давачки.Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и неговото одговорно лице македонски државјанин, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од  141.913,00 денари со приложување на лажна фактура во која вредноста на стоката е прикажана значително пониска.  Имено, осомничените, со една царинска декларација во декември 2009 година, започнале постапка на увоз на стока со потекло од Република Турција. При детален преглед на товарното моторно возило и стоката, покрај пријавената пронајдени се и 93.330 метри непријавен телекомуникациски кабел и 1.600 сијалици, во вкупна вредност од 778.053,00 денари. Непријавената стока е привремено одземена.Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Прилеп и неговото одговорно лице, македонски државјанин, поради тоа што избегнале плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од  103.772,00 денари со приложување на лажна фактура во која вредноста на стоката е прикажана значително пониска.  Имено, осомничените, со една царинска декларација во текот на 2009 година пријавиле за царинење текстилни производи и обувки увезени од Пакистан, при што  приложиле лажна фактура со пониска цена и основица за пресметка на увозните давачки, а со тоа избегнале плаќање на вистинскиот износ на царинските давачки. Одделението за контрола на трговски друштва изврши контрола на сметководствената и книговодствена евиденција на правното лице, при што е пронајдена документација во кои вредноста на стоката е повисока, односно наместо прикажаниот износ на царинскиот орган од 2.370,00 американски долари истата изнесува вкупно 7.918,00 американски долари. Со решение во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите давачки.Шест кривични пријави се поднесени против едно правно лице и 10 физички лица, македонски државјани, за сторено кривично дело „,Криумчарење“, од кои:Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин од Кавадарци, затоа што на 27.11.2009 година на царинската испостава Деве Баир – влез во Република Македонија, управувајќи товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, се обидел да внесе 76 комплети непријавени бандажи со употребувани гуми и 142 употребувани гуми за товарни и патнички моторни возила. На овој начин пријавениот, со намера да ја избегне царинската контрола, се обидел да пренесе стока во вредност од 420.877,00 денари.Една кривична пријава е поднесена  против четири македонски државјани од Скопје, Гевгелија и Кавадарци, затоа што на 07.12.2009 година преку граничниот премин Богородица – влез во Република Македонија,се обиделе нелегално да пренесат 216 грама златен, 479 грама сребрен накит и машини за изработка и обработка на накит, пронајдени при детален преглед на возилото со бугарски регистарски ознаки и личен претрес на патниците. На овој начин пријавените, со намера да ја избегнат царинската контрола, се обиделе да пренесат стока во вредност од 388.175,00 денари. Пронајдениот накит беше предаден на вештачење во Златара „Рубин“-Скопје, од каде е добиено стручно мислење дека златниот накит е со финост од 585 промили и на сребрениот од 925 промили.Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин од Тетово, правно лице од Тетово и одговорното лице во правното лице, затоа што на 09.12.2009 година на граничниот премин Табановце автопат – влез во Македонија се обидел нелегално да внесат 29 нови врати и 38 нови рамки за врати. Стоката била откриена при детален преглед на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, сопственост на правното лице од Тетово, а управувано од  првопријавеното лице. На овој начин пријавените, со намера да ја избегнат царинската контрола, се обиделе да пренесат стока од поголема вредност  во износ од 295.010,00 денари.Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин од Гевгелија, затоа што на 26.11.2009 година на влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце, управувајќи  товарно моторно возило со чешки регистарски ознаки се обидел да внесе 69  употребувани стари фотоапарати и камери. Стоката била пронајдена во картонски кутии, при детален преглед на возилото. На овој начин осомничениот со намера да ја избегне царинската контрола, се обидел да пренесе стока во вредност од 284.798,00  денари.Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин од Скопје, затоа што на 08.12.2009 година на граничниот премин Табановце-автопат- влез во Република Македонија, управувајќи патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, се обидел нелегално да пренесе 7 електрични пумпи за вода марка „ЦАЛПЕДА“. На овој начин пријавениот, со намера да ја избегне царинската контрола, се обидел да пренесе стока во вредност од 166.495,00 денари.Една кривична пријава е поднесена против српски државјанин, затоа што на 06.12.2009 година на граничниот премин Блаце – влез во Република Македонија,како возач на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, се обидел нелегално да пренесе 88 текстилни производи и ремени, за кои износот на увозните и други давачки изнесува 103.540,00 денари.Една кривична пријава е поднесена против тројца македонски државјани сите од Скопје, за сторено кривично дело „Фалсификување на знаци за вредност“. Имено, по откривањето на обидот за криумчарење на фалсификувани судски марки на 13.11.2009 година на царинската испостава Јажинце, Царинската Управа превзеде натамошни дејствија и откри уште три лица инволвирани во продажбата на фалсификувани таксени марки со намера истите да ги употребат и да ги продаваат како вистински, со што сториле кривично дело „Фалсификување на знаци за вредност“.Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин  за сторено кривично дело „Увоз или пуштање во промет на акцизна стока“, затоа што на 12.11.2009 година на влез во Република Македонија преку граничниот премин Табановце при детална контрола на  товарно моторно возило со кое управувал осомничениот помеѓу подот на приколката и дното на контејнерот натоварен на приколката, биле пронајдени 33 штеки цигари марка „Марлборо“ и „Карелиа Слимс“, без контролни маркици,  во вкупна вредност од 25.860,00 денари, со што бил направен обид за избегнување на плаќање на давачки во вкупен износ 42.411,00 денари. Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин за сторено кривично дело ,,Неовластено производство и промет со општоопасни материи“, затоа што на 27.12.2009 година на граничниот премин Јажинце – на влез во Република Македонија, при детален преглед на патничко моторно возило, сопственост на друго лице од Гостивар, а управувано од пријавениот биле пронајдени 856 пиротехнички производи-петарди. На ваков начин пријавениот непрописно пренесувал пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат општа опасност за животот на луѓето.Една кривична пријава е поднесени против правно лице од Скопје и пет физички лица за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“. Имено, правното лице во текот на 2006, 2007 и 2008 година спровело 57 извозни постапки на текстилни производи при што се поднесени докази за потекло, ЕУР 1 и изјави во фактура, врз чија основа било остварено право на извоз на стока со македонско преференцијално потекло. Поради соновано сомнение во веродостојноста на доказите за потекло, Царинската управа спроведе истрага при што е утврдено дека доказите за потекло не се веродостојни, односно дека осомничените, со допишување во рубриките на уверенијата за движење и на фактурите, извршиле преправки на 50 уверенија за движење ЕУР 1 и на 7 изјави во фактура, со што била опфатена и стока која не се стекнува со преференцијално потекло.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово

Објавено пред

Од

Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.

По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра

Објавено пред

Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.

dobivaj vesti na viber

„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде

Објавено пред

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија9 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија10 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија11 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија12 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија13 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа13 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија14 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион15 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет15 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија15 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија15 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија15 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион16 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет16 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет17 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион18 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион18 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...