Црна хроника
Со секира расечен шумски полицаец од Штип
Припадник на штипската шумска полиција е нападнат со секира при обид да легитимира дрвокрадец
Вчера попладне во атарот на штипското село Караорман, припадник на шумската полиција забележал шестмина како со запрежни коли превезуваат поголеми трупци дабови дрва. При обидот да ги запре и легитимира, петeмина побегнале, а полицаецот успеал да фати еден од дрвокрадците. Но наместо да ја добие неговата лична карта, дрвокрадецот извадил секира и замавнал кон него при што му нанел расекотина на дланката, а потоа избегал.На шумскиот полицаец му е укажана лекарска помош, а сторителот веднаш е идентификуван од страна на полицијата. Во текот на денот е приведен на информативен разговор, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.