Црна хроника
НВО Хоризонт: Болницата во Крива Паланка работи нелагално
Невладината организација „Хоризонт Македонија“ обвини дека в.д директорот на Здравствениот дом Крива Паланка, Радивоје Маџовски и Управата за јавни набавки работат нелегално.
Од „Хоризонт“ обвинуваат дека веќе една година граѓаните од овој град се жалат не нетранспарентната работа на болницата.„Пративме барање до Министерот за здравство, Фондот за здравствено осигурување, МВР и Финансиска полиција да ја разгледаат состојбата, но проблемот се уште не е решен иако е констатирано дека има неправилности во работата на Маџовски кој е член на партијата ДОМ“, рече Ивица Младенов претседател на НВО „Хоризонт Македонија“Од организацијата го повикаа ресорниот министер Бујар Османи што поскоро да ја реши и онака лошата состојба во Здравствениот дом „Крива Паланка“ бидејќи тоа им било ветено на граѓаните на Крива Паланка за време на изборите минатата година.„Немаме ниту регулиран статус на болничките одделенија кои беа укинати кога СДСМ беше на власт“, рече Младенов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.