Црна хроника
Петнаесет полицајци казнети поради неоправдани отсуства, недолични однесување и алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата недела донесе дисциплински решенија против 15 вработени за сторени повреди во работењето
Поради неоправдано отсуство од работа, виш инспектор од Битола добил отказ. На седум вработени од полициските станици од Скопје, Штип и Тетово им е одредена парична казна во износ од 10 до 15 отсто од месечната плата поради пречекорување на службените овластувања. Некои од нив не ги известувале претпоставените дека ќе користат одмор, дел се однесувале недолично со колегите, а во еден случај службеник бил под дејство на алкохол за време на работното време.Во пет случаи МВР ги запрело поведените постапки против свои вработени, поради тоа што било констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.Во еден случај командир на полициска станица бил прераспределен на пониска позиција поради несоодветно извршување на работата, а во еден случај службеник е предупреден поради постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сомнителни лица со возило се движеле низ воениот објект Криволак, во автомобилот имале алати за ископ
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение за неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
„На 14 април 2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Државјанин на Турција најден починат на Бит Пазар
Вчера во полицијата било пријавено дека во станот во кој престојува на на подрачјето на Бит Пазар, бил пронајден починат А.К.(69) од Република Турција, со престој во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Сопружници од Скопје меѓусебно се обвиниле за напад среде трговски центар во Центар
Педесетгодишен скопјанец пријавил во полицијата дека пред два дена бил нападнат од неговата 36-годишна сопруга во трговски центар на подрачјето на Центар.
Исто така, и сопругата пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој и упатувал и закани, а потоа и го одзел мобилниот телефон и го фрлил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.