Црна хроника
Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Поранешниот градоначалникот на општина Чашка четириесет и четири годишниот С.М заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување
За рекултивација на старата депонија „Долг рид“ тој како градоначалник одбрал фирма која немала ниту економски најповолна понуда ниту најниска цена. На тој начин ја оштетил општината за 820 илјади денари. Во текот на 2008 година Комисијата за јавни набавки од општина Чашка објавила оглас за прибирање најповолна понуда, на кој се пријавиле три фирми. По отварањето на понудите било констатирано дека фирмата „Бас проект“ понудила 1.498.600 денари, фирмата „Маријас пром“ 680.000 денари додека во понудата на третопријавената фирма „Виана компани“ комисијата констатирала дека нема никаква документација. По извршеното бодирање фирмата „Маријас-пром“, со понуда од 680.000 денари, била избрана како најповолен понудувач, меѓутоа, во записникот било констатирано дека фирмата ја повлекла понудата наводно поради презафатеност со други проекти кои биле распишани во тоа време во општината Чашка.Според портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес веднаш извршиле разговор со членовите на комисијата за јавни набавки и истите им изјавиле дека пријавениот С.М. на ден 16.06.2008 година им рекол дека фирмата „Маријас пром“ ќе ја повлече понудата затоа што не била во можност навремено да ги завршат работите. По ова комисијата без да ја има во предвид изјавата од истиот датум ги завршила сите работи, а екс градоначалникот го извршил изборот. Фирмата „Маријас пром“ била најповолен понудувач, но таа се повлекла и екс градоначалникот ја избрал второрангираната фирма „Виана Компани“. Одлуката ја доставил до директорот на јавното комунално претпријатие ,,Тополка,,. Тој потпишал договор со ,,Виана-компани,, во износ од 1.197.500 денари. На 11.08.2008 година договорот бил дополнет за уште 302.500 денари, односно вкупната сума од двата договора изнесувала 1.500.000 денари. Толку колку што всушност одобрило министерството за животна средина и просторно планирање. Со ова С.М. злоупотребувајќи ја својата функција, овозможил фирмата Виана-компани да се стекне со имотна корист од 820.000 денари, со што за истата сума ја оштетил општината Чашка.Во обвинението на СВР Велес се вели дека екс градоначалникот на Чашка и претходно бил пријавуван за кривични дела против службената должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.