Црна хроника
22-годишник од Кичевско загина во сообраќајна несреќа, со возило излетал од патот
Денеска во 01.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с.Туин, кичевско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.
Црна хроника
Дал возило како компензација за изработка на мебел: останал и без мебел и без автомобил
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“.
Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.
Црна хроника
Почина осуденик од Турција: му се слошило па бил пренесен во болница
Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г.(34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.