Црна хроника
Прекршочна пријава за лажно пријавување самоубиство
Велешки средношколец пријавил лажен обид за самоубиство на негов соученик, по што заработи прекршочна пријава
Шеснаесет годишниот В.И. од Велес ќе заработи прекршочна пријава оти пријавил лажен настан. Тој пред две недели околу 10 часот во дворот на средното хемиско училиште од мобилен телефон се јавил во Центарот за управување со кризи и пријавил дека некој ученик држел нож во рака и сакал да се самоубие. За таа цел го искористил мобилниот телефон на неговиот соученик и се претставил дека е професорот по музичко. Дежурното лице во центарот му поверувало на ученикот и веднаш ја алармирало полицијата и итната медицинска помош. Тие веднаш дошле во училиштето и откако разговарале со надлежните констатирале дека станува збор за лажно пријавување. Полицијата направила проверки и го утврдила бројот на мобилниот телефон од кој бил упатен лажниот повик, а го нашла и сопственикот на телефонот. Средношколецот кој го пријавил лажниот настан бил повикан на разговор во полициската станица. Против него одделението за прекршоци поднесе барање за поведување прекршочна постапка поради сторен прекршок од областа на јавниот ред и мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.