Црна хроника
Со клашников држел во заложништво возачка комисија
Во испитниот центар на АМСМ денеска околу 14 часот, 21-годишно момче со автоматска пушка се заканил дека ќе ги убие членовите на комисијата бидејќи не бил задоволен од нивната работа, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Земир Рамадани бил на тестирање за возачки испит за камионџија во испитниот центар на АМСМ во центарот на Скопје, откако ја напуштил просторијата по извесно време се вратил со куфер и од него извадил „калашњиков“ заканувајќи им се на членовите на комисијата и на околу триесетина присутни во просториите на АМСМ.Додека еден од членовите се обидувал да го смири момчето, друг успеал да јави во полиција. Во експресната реакција на мобилните едини „алфа“, на напаѓачот му било одземено оружјето и тој бил приведен во станица, соопштува МВР.Напаѓачот рекол дека тоа го сторил бидејќи не бил задоволен од резултатите и работата на комисијата во АМСМ.Моментално тој е во полициска станица каде што се испитува а се претресува и неговиот дом, од МВР најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за приведениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

