Црна хроника
Син уби татко во Радовиш?

Симеон С. (68) од Радовиш синоќа е убиен во семејната куќа во Радовиш
Неофицијално, главен осомничен за убиството е неговиот син, кој се наоѓа на распит во полициска станица. Убиството го пријавил сосед во 5 часот утрово. Според првичните неофицијални информации, смртта настапила поради тешки повреди на телото, нанесени со тесла. Полицијата се уште врши увид на местото на убиството, подетални информации најавени се за подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Групна тепачка во Батинци

На 29 август 2025 година, околу 23:30 часот, во село Батинци кај Скопје избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица, потврдија од МВР.
Според информациите, поради претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи жители на Батинци, во која биле употребени тврд предмети и остри оружја.
Во првата група учествувале Ф.С. (27), Е.С. (18), Р.С. (22), С.С. (36) и С.С. (29), сите од Батинци, а во втората М.М. (21), Д.М. (20), Е.М. (22), Г.М. (24), Џ.М. (65), сите од истото село и И.Б. (19) од Тетово.
Од МВР информираат дека увид е извршен и случајот е целосно документиран, а по завршувањето на постапката ќе следуваат соодветни кривични поднесоци против учесниците.
Црна хроника
Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари

На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР.
Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.
Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.
Топ
Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата.
-На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство, се наведува во соопштението од полицијата.