Црна хроника
На Ќафасан уапсено едно лице за шверц со таблети „екстази“
На граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга во петок навечер наизлез од Македонија, при проверка на автомобил со скопски регистерски таблички со кој патувале четири лица, биле пронајдени таблети „екстази“ кои еден од патниците планирал нелегално да ги изнесе од земјата
МВР денеска поднесе кривична пријава против Е.О. (21) викан „Орче“ од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. При извршен детален преглед врз лицата кај едно од нив во долната облека била пронајдена пластична ќеса во која имало 571 таблети „екстази“. Патникот кажал дека ги носел за Швајцарија и дека ги купил од Скопје за негова употреба. Со потврда за привремено одземени предмети од лицето се одземени таблетите, од кои 133 во бела боја и 438 во зелена боја
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.