Црна хроника
Еден загиант и пет ранети по фудбалски натпревар во скопско Коњаре
Еден мртов и уште петмина повредени е билансот од престрелкаta на фудбалското игралиште во скопското село Средно Коњаре во неделата околу 20 часот
Долгогодишното нетрпение меѓу неколку семејства започнало со расправија а продолжило со физичка пресметка заради фудбалски натпревар.Откако не можеле да го решат проблемот, Хамдија Бралиќ (58) и Насер Халити (33) извадиле пиштоли и почнале да пукаат меѓу себе. Од куршумите настрадале и Селим Бралиќ (34) и Авни Беќири (24), а од тупаниците настрадале Нусрет Бралиќ (28) и Хусеин Халити.Хамдија починал на пат кон Градската болница, а Селим е задржан на натамошно лекување. Осомничениот за убиството Насер Халити се наоѓа во Ургентниот центар а во болница е и Авни Бекири.Полицијата приведе вкупно 14 лица на разговор за да кажат што точно се случувало синоќа. Оружјето кое нелегално го поседувале и двајцата пукачи е одземено.И покрај тоа што се поголем број на убиствата се извршени со нелегално оружје, од МВР велат дека ги преземаат сите неопходни акции за одземање на ваквото оружје.„МВР ги презема сите неопходни акции за пронаоѓање на нелегално оружје и санкционирање на лицата кои нелегално поседуваат оружје. Изминатиот период МВР имаше големи акции за заплена на вакво оружје“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

