Црна хроника
Кривична пријава за вработен во ОБСЕ осомничен за педофилија
Норвежанец, вработен во мисијата на ОБСЕ во Македонија е осомничен дека за поседување на детска порнографија во компјутерски систем. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против триесет и осумгодишниот, кој на 16 мај ја напуштил земјава
Полицијата при претрес во неговиот стан, во неговиот приватен лап топ пронашла 150.000 гигабајти порнографски материјали, 300 видео записи со големина од 30 гига бајти во времетраење од осум часа и повеќе од 30.000 фотографии со деца со порнографска содржина.„Од извршениот увид, во еден од компјутерите, во лап топот пронајдени се околу 150.000 гига бајти порнографски материјали во форма на видео записи и фотографии со содржина на детска порнографија, односно порнографски материјали кои визуелно прикажуваат експлицитни полови дејствија со малолетници, како и реални односно немонтирани фотографии кои прикажуваат исто така полови дејствија со малолетници“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.Од досегашните направени анализи МВР го нема утврдено идентитетот, а децата кои се наоѓаат на спорните снимки и слики и засега нема индиции дека се од Македонија.Најчесто посетувани сајтови се страниците, од каде може да симне порнографски материјал.На 16 мај тој ја напуштил Македонија.„МВР уште од почетокот на истрагата стапи во контакт со Интерпол и ќе продолжи да презема дејствија за пронаоѓање на лицето и за пронаоѓање и утврдување на други инволвирани, целосно расчистување на случајот и утврдување дали евентуално се работи за синџир составен од повеќе лица за размена на детска порнографија“, вели Котевски.
Од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје велат дека соработуваат со надлежните органи за конечно решавање на случајот.
„ОБСЕ најсериозно ја сфаќа кривичната пријава од МВР против вработениот во ОБСЕ. Ќе продолжиме да соработуваме со надлежните во земјата. Со почитување на законските норми и процедури во земјата домаќин, вклучувајќи ја и пресумпцијата на невиност на обвинетиот, ОБСЕ ќе соработува со надлежните во земјата до конечно расветлување на случајот, за да се осигураме дека сите потребни и соодветни чекори се преземени“, стои во писмената изјава од организацијата. ОБСЕ е посветен на сузбивање на детската порнографија и сите форми на сексуално искористување, особено кога се работи за малолетни лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.