Црна хроника
„Клајд“ бил избеган од „Идризово“
Кумановецот Рубин Андоновски кој заедно со својата девојка од Скопје убиваа и ограбуваа во Скопје и Куманово бил избеган од „Идризово“, соопшти Министерството за надворешни
Дваесет и четиригодишниот Рубин Андоновски се криел во домот на седумнаесетгодишната девојка. Полицијата го сомничи за нападот на таксистот во Ченто и за убиството на кумановскиот бизнисмен.Полицијата поднесе кривична пријава против него за убиство, како и против неговата девојка, татко и и тетка и за соизвршителство.Двојката, која во јавноста се поистоветува со познатата Бони и Клајд, вчера беше уапсена за напад на таксист во населбата Ченто. Пред една недела влегле вооружени во такси возилото пред кино Маџари.Андоновски го извадил пиштолот и му барал пари на таксистот. Таксистот се бранел дека немал пари, па Андоновски го застрелал. Таксистот помина со лесна повреда и преживеа.По апсењето полицијата откри дека Андоновски пред околу десетина дена го убил кумановскиот бизнисмен Горан Трајановски пред влезната врата на неговиот стан. Четворицата разбојници се договориле да го ограбат кумановскиот бизнисмен.Со такси пристигнале во близината на неговата куќа на улица „АВНОЈ“ и провериле дали тој е дома. Се обиделе да го ограбат, но бидејќи давал отпор и викал помош Андоновски го удрил со рачката од пиштолот во главата, а потоа го ранил со куршум. Сите четворица избегале во Скопје со „мазда“ која ја украле од Куманово.Андоновски заедно со неговата девојка се во притвор, а таткото на девојката се уште е на информативен разговор во СВР Куманово
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

