Црна хроника
Кривична пријава за скопскиот адвокат Џерков
Министерството за внатрешни работи кривично го гони скопскиот адвокат Киро Џерков осомничен за измама и фалсификување, соопшти МВР
Адвокатот зел околу 900 евра од жена која ја излагал дека покренал судска постапка за парично обештетување на нејзината ќерка, која претходно имала тешка сообраќајна несреќа. Девојката во сообраќајна незгода во 2007 година се здобила со тешки телесни повреди, по што го ангажирале адвокатот да ги застапува во постапката за добивање надомест на штета од КЈУБИ Македонија Скопје.Врз основа на поднесеното барање, од КЈУБИ на пријавениот му бил доставен Предлог вонсудска спогодба на износ од околу 7.300 евра на која сума оштетената не се согласила.Семејството побарало адвокатот да поднесе приватна тужба за што адвокатот побарал околу 900 евра.Во јануари 2008 година семејството ги уплатило парите, а по две години адвокатот им се јавил и ги информирал дека постапката е завршена и дека треба да се обратат кај извршител во Скопје за да ги добијат парите.Семејството неуспешно неколкупати се обидувало да ја добие пресудата од Основниот суд 2 Скопје. Затоа побарале проверка во архивата на судот за да видат дали постои таков предмет. Но, тогаш сфатиле дека се измамени. Под тој број бил заведен предмет кој се однесувал на други лица.Исто така, лани адвокатот направил лажна исправа за која наплатил 9.000 денари, а оштетениот ја искористил во постапката за приватизација на градежно земјиште.Адвокатот му дал фалсификувано решение за приватизација на градежно земјиште коешто го изготвил сам. За ова дело адвокатот ќе одговара за фалсификување на лична исправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.