Црна хроника
Приведен скопјанец со 830 грама марихуана
Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека поднело кривична пријава против скопјанецот Ѓ.Л, викан Жуч (29) за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а кај него се најдени 830 грама марихуана
Полицијата на автопатот Тетово-Скопје, кај клучката Групчин вчера при рутинска контрола сакала да запре голф со скопски таблици, кој го возел Ѓ.Л.. Возилото не запрело на наредбата за застанување и било сопрено кај бензинската пумпа 7 браќа, по што возачот и неговите сопатници браќата Д.Д. и Д.Б. од Скопје биле приведени.Во автомобилот е пронајдена кеса со 830 грама марихуана, а Ѓ.Л. на полицајците им рекол дека дрогата ја купил од охриѓанец со прекар „Лошко“ за 500 евра за еден килограм.Приведениот Ѓ.Л. и е познат на полицијата како сторител на кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.