Црна хроника
Цариниците запленија животински црева
Македонските цариници, покрај вообичаените заплени на непријавени текстилни производи и фалсификувани брендови запленија и животиснки црева и еден музејски експонат пиштол – кубура
Цревата од животни биле запелнети на граничниот премин Јажинце, кога за влез во државата во автомобил со македонски регистерски таблички, кој го возел макеоднки државјанин биел откриени непријавени 28 килограми црева во саламура. Животинските црева биле сокриени во багажникот во просторот за резервното тркало. Сега се испитува намената на стоката, односно цревата од животинско потекло, што требало да се внесе во државата.На истиот граничен премин кај македонски државјанин е отркен албански пасош кое гласело на лице кое има забрана за влез во државата, по што тој е предаден на Министерството за внатрешни работи.Пиштолот кубура со музејска вредност е откриен кога турски државјанин кој требало да патува за Истанабул, се обидел преку граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“ непријавено да го изнесе од Македонија. Од другите заплени на македонските гранични премини, доминираат текстилни прозиводи, околу илајда парчиња фалсификувани тренерки со зашититното лого на „Адидас“, други предмети за облека, цигари, алкохол итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

