Црна хроника
Запленети 880 кутии цигари
Во вторник навечер, царинските службеници од граничнот премин Ново Село спречиле обид за криумчарење на вкупно 88 непријавени штеки (880 кутии) LD-blue цигари со македонски бандероли
Шверцот се обидел да го направи бугарски државјанин кој откако во возилото „рено еспас“ биле откриени цигарите, се правдал дека не знае л ништо, бидејќи возилото не било негово. Цариниците ги откриле кутиите цигари откако побарале од возачот да ги спушти прозорците на возилото, што не можело да се направи. При подетално разгледување на вратите, било утврдено дека шрафовите биле скоро користени, а во фиоката за документи пред совозачкото седиште пронајден е алат имбус кој всушност служи за нивно отворање. Секоја врата посебно била размонтирана при што биле пронајдени околу 50 штеки LD цигари (по 25 во секоја), раздвоени по кутии. При натамошна контрола на возилото, во задниот дел од багажникот, каде што била поставен сад со метал, од десната страна на преградата била пронајдена пластична туба со бензин на чијшто капак бил прикачен довод за гориво. Во текот на проверка на самиот резервоар било утврдено дека одамна не бил користен, истиот бил исечен и во него ставена преграда. Резервоарат бил отворен, а во него биле пронајдени уште 33 штеки цигари од истиот бренд.Стоката, предмет на царинскиот прекршок е привремено одземена, а против прекршителите ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.