Црна хроника
Сопружници загинаа во сообраќајка на патот Битола-Охрид
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во недела напладне на магистралниот пат Битола-Охрид
Во несреќата, како што јави телевизијата А1, животите ги загубиле 49-годишниот Владо Темелкоски и неговата шест години помлада сопруга Дубравка, двајцата од Прилеп.До несреќата дошло кога возилото марка „лада рива“, што го управувал сега починатиот Владо Темелковски, излетало од патот и паднало во провалија длабока 50 метри. Сопружниците од силината на ударот починале на самото место.Ова е втора несреќа за неколку дена со човечки жртви. Минатата среда на патот Велес-Штип дојде до тешка сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

