Црна хроника
Полицаец вмешан во шверц на хероин
Полицаец, вработен во полициската станица за обезбедување на државната граница, „Сопот“ шверцувал хероин, соопшти МВР
Заедно со четириесет и петгодишниот полицаец Владо Стојковски, полицијата ги уапсила и триесет и четиригодишниот Бобан Таневски од кумановското село Тромеѓа и дваесет и петгодишниот Амир Шерифи од село Романовце.Синоќа околу 21:30 часот полицијата најнапред го уапсила Таневски на паркингот пред мотелот Милано на автопатот Куманово – Скопје. Кај него бил пронајден еден килограм хероин спакуван во две најлонски кеси обвиткани со селотејп.Таневски го зел хероинот од дваесет и петгодишниот Амир Шерифи од село Романовце.Шерифи заедно со полицаецот Стојковски во пицеријата “Твист“ во Куманово го чекале веќе уапсениот Таневски да го продаде хероинот и да им ги предаде парите, каде што биле уапсени од полицијата.За хероинот требало да бидат платени 11.000 евра, а бил наменет за домашниот пазар.Во целиот синџир Шерифи го поседувал хероинот, а полицаецот имал улога на посредник, односно пронаоѓач на купецот на хероин. Полицијата засега нема сознанија за вмешаност на истата група во друг шверц на хероин во Македонија.„Постојат одредени индиции, но истите треба да бидат проверени, значи засега нема некакви релевантни информации, дека оваа група и претходно дејствувала на овој начин односно дека и претходно пуштала хероин на наркопазарот в Македонија. Нема соодветни докази со кои тие сознанија би се поткрепиле на суд“ вели Иво Котевски, портпарол на МВР.Хероинот се наоѓа во Одделот за криминалистичка техника на МВР каде ќе се вештачи, а тројцата приведени во текот на денов ќе бидат изведени пред истражен судија, а против тројцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Инаку, Таневски има дебело криминално досие. Осуден бил и одлежал затвор 10 години, за убиство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.