Црна хроника
Запленето големо количество лекови

Обид за нелегално изнесување на вкупно 1.026 кутии различни лекови од Македонија преку граничниот премин Ново Село спречија царинските службеници
Лековите биле пронајдени во патничко возило со бугарски регистерски таблички, управувано од македонски државјанин.Поради сомнително однесување на возачот, царинските службеници го селектирале возилото за детален преглед, при што на различни места на возилото во црни кеси биле пронајдени вкупно 28.360 таблети и 30 ампули, стои во соопштението на Царинската управа.Лековите се задржани, а против прекршителот ќе биде поведена постапка за утврдување на одговорност до надлежните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.