Црна хроника
Спречен шверц на три ипол кила марихуана кај Меџитлија
Две лица од Требош, Албанија на 23 и 19 годишна возраст и еден стружанец на 56 годишна возраст, заработија кривични пријави од битолската полиција,
Тројцата се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, додека стружанецот за псновано сомнение Криумчарење мигранти. На 15-ти август Албанците за награда од 500 евра од Албанија неовластено набавиле со 3.600 килограми марихуана, со намера истата преку Македонија да ја пренесат во соседна Грција како крајна дестинација. Дрогата била спакувана во две големи најлонски кеси , обвиткани со селотејп и ставени во патна торба.„На 18-ти овој месец откако ја поминале албанско-македонската граница , пријавените се сретнале во Струга.“, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.По запирањето Албанците се обиделе да избегаат, но обидот им бил неуспешен. Патната торба со дрогата е пронајдена и со брз тест е потврдено дека се работи за дрога марихуана по што доказниот материјал е даден на дополнително вештачење во секторот за криминалистичка техника при МВР. Пријавените се предадени пред истаржен судија и им е одредена мерка притвор од 30 дена.Кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги доби и 24 годишен битолчанец поради тоа што во текот на годинава од лице од Охрид набавувал марихуана по цена од 100 евра за 100 грама, а потоа во својот дом во Битола ја препакувал и продавал на лица наркозависници од Битола.Битолската полиција со судски налог при претресот во неговиот дом пронашле 375 грама марихуана, дигитална вага, дробалка и се дадени на подетално вештачење. Истражниот судија и на ова лице му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.