Црна хроника
Затвореници избегале од Идризово

Двајца затвореници избегале утрото од затворот во Идризово, пренесе телевизијата Канал 5
Управата за извршување на санкции го потврдила случајот за скопската телвизија. Тие потврдиел дека осудениците побегнале од делот во затворот познат како „школо“ откако успеале да ги извадат решетките од прозорите.Според Управата за извршување на санкции, едниот осуденик издржувал казна од четири години, а другиот од една година затвор.Од Управата за извршување санкции информираат дека директорката Лидија Гавриловска е замината на состанок во затворот за да се запознае со случајот. Подетални информации најавија за текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведено лице од скопско поради управување возило под дејство на алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода 47-годишниот О.Ј. од село Стајковци, скопско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Нова сообраќајка во Скопје: на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка

Денеска на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ е прегазена девојка.
„Имаме пријава утрово за сообраќајка, удрен пешак. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Според очевидци се работи за девојче кое минувало на пешачки премин.
Повеќе детали се најавени во текот на денот.
Црна хроника
Поради несреќа, сообраќајот на експресниот пат Штип е во прекин

Поради сообраќајна незгода од 08:10 часот сообраќајот на експресниот пат Штип, после с.Лакавица е во прекин, соопштија од АМСМ.
Како што додаваат од АМСМ, сообраќајот ќе се пренасочува по магистрален пат А4, Штип – Радовиш.