Црна хроника
Филмска пресметка во Струга
Полицијата се уште не излегува со детални информации за убиството во близина на излезот од Струга на магистралниот пат кон граничниот премин Ќафасан кој се случи во понеделник навечер
Неофицијални извори од Струга велат дека жртви на нападот биле татко и син од селото Делогожда. Како што пренесува потралот Струга Денес, како што кажуваат очевидци, се се одвивало како во акционите филмови.Непознат сторител го попречил патот на возилото на жртвите, марка „опел“„ и прво физички се пресметал, а потоа со огнено оружје испукал три куршума во телото на еден од жртвите и уште два кон другиот, и со голема брзина заминал од местото на настанот. Како што кажува еден очевидец, сторителот бил со возило марка „форд мондео“. Застреланите со тешки повреди биле пренесени во струшката болница, но поради обилно крварење таткото починал. Полицијата непосредно по инцидентот го уапсила напаѓачот, а како што најавија од полицијата, повеќе информации за немилиот настан се очекуваат во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

