Црна хроника
Семејна заложничка драма во Битола
(проширена) Соговорник на Форум од Битола вели дека станува збор за семејна заложничка драма во станот на семејството Ангеловски во зградата позната како Грозд на улицата „Јосиф Јосифовски-Свештарот“, во која синот во заложништво ги држел неговите родители
Во тек се преговори со средовечниот син кој како заложници под закана дека ќе ја запали зградата, ги држни своите родители. Според досегашните сознанија на полицијата, во оваа заложничка драма нема жртви и повредени.Во центарот на Битола кај зградата Грозд се стационирани бројни полициски екипи а сообраќајот и натаму е затворен Исто така, нашиот соговорник вели дека освен големо полициско обезбедување поставени се и екипи на противпожарната единица и службата за итна медициска помош.Брат на таткото кој е заложник, во изјава за медиумите рече дека откако семејството пред 10 години имало сообраќајна незгода во странство, тие не контактирале.Зградата е опоколена од полиција а во неа се и специјални единици. Противпожарни екипи и екипи на брзата помош се околу зградата.Улиците околу зградата се блокирани, а многумина битолчани од блиску го следат развојот на настаните во станот каде се случува заложничката драма. Инаку околу пладне соседите слушнале пукање најверојатно од огнено оружје и силно тропање по цевките од радијаторот.Според информациите на битолската Тера телевизија, наводно во попладневните часови од зградата се слушнало пукање. Тоа не можела да го потврди или демантира полицијата, несакајки да избрзува со шпекулации. Како што јавува телевизијата на нестоо од настанот е присутен и началникот на битолската полиција. Повеќе од половина час трае акцијата што ја спроведуваат специјални полициски сили, но нема информации дале е стапено во контакт со членовите на семејството.Као што сме инфромирани, пред зградата е и Митко Ангеловски, братот на Борче Ангеловски. Тој рекол дека брат му со семејството пред извесно време се вратиле од САД, каде пред неколку години преживеале тешка сообраќајна несреќа. Тој додал дека подолго време немал комуникација со брат му, заради тоа што по несреќата, целото семејство станало повлечено со повремено предизвикување инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

