Црна хроника
Нема повредени во заложничката драма во Битола
Во понеделеник по 19 часот со интервенција на полициските специјалци без жртви и повредени е окончана семејната заложничка драма во центарот на Битола, рече извор на Форум. Прво била ослободена мајката а по речиси еден час и таткото на Сашо Ангеловски кој се предаде доцна вечерта во вторник
Како што дознаваме, по повеќечасовните преговори, полицијата оолу 22 успеа да го излвече од станот и Сашо кој се прредал. Марија и Борче Ангеловски беа повеќе часови држени во заложништво од нивниот 40-годишен син Сашо Ангеловски.За локалните медиуми информацијата ја потврдил и портпаролот на СВР Битола, Ѓоко Стрезовски.Неофицијано дознаваме дека Сашо бил вооружен со пиштол, за кој полицијата немала сознанија дека го поседува. „Заложничката драма е ставена под контрола без жртви. Интервенцијата беше спроведена по претходна дојава за истрели од огнено оружје. Стручни лица ги вршат вообичаените процедури за утврдување на причините за овој инцидент’, рекол Стрезовски цитиран од битолската телевизија Тера.Сообраќајот во центарот на Битола е нормализиран, а жителите од ламелата број 5 во која се одвиваше заложничката драма во станот на семејството Ангеловски се вратиле во своите домови. Засега нема детали за причината за реакцијата на Сашо Ангеловски, а Стрезовски најавил дека повеќе информации ќе бидат соопштени на утре.Припадниците на полициската единица „Тигар“ биле на позиција во соседниот стан на семејството Ангеловски, чекајќи наредба да извршат упад преку балконот, доколку разговорите завршат без успех. Исто така, очевидци од местото на настанот за Форум велат дека полицијата на околните згради на погодни позиции распоредила снајперисти кои го држеле на нишан Сашо, во случај работите, односно преговорите за негово предавање да тргнат во несакана насока.Во текот на преговорите синот на сопружниците Ангеловски под закана дека ќе ја запали зградата, ги држеше во заложништово своите родители. Како што инфромиравме, пред зградата е и Митко Ангеловски, братот на Борче Ангеловски. Тој рече дека брат му со семејството пред извесно време се вратиле од САД, каде пред неколку години преживеале тешка сообраќајна несреќа. Тој додаде дека подолго време немал комуникација со брат му, заради тоа што по несреќата целото семејство станало повлечено со повремено предизвикување инциденти и не комуницирало со роднините и соседите.Соседит реагираат дека досега повеќепати нивните распсавии со ова, како што велат – проблематично семејство, биле пријавувани во полицијата и во социјалните служби, но никој досега не презмеал ништо, додаде соговорникот на Форум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

