Црна хроника
Се таи идентитетот на жртвите во Аеродром
Полицијата работи на расветлување на синоќешното убиство, кога непознато лице застрела три лица во рибниот ресторан „Биг фиш“, веднаш до сендвичарницата „7“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопски Аеродром
Сè уште официјално не се соопштува идентитетот на убиените. Од Минситерството за вантрешни работи, официјално информираат само дека имаат осомничено лице со кое се разговара.Засега може само да се шпекулира за идентитетот на убиецот и убиените. Неофицијалните информации од терен говорат дека меѓу убиените е и близок роднина на владината служба за обезбедување, а има и шпекулации дека има и член од ткн. франкфуртската група која во странство се занимавала со криминални дејности.Полицијата синоќа го уапси осомничениот на патот Скопје – Велес во автомобил „БМВ“.Влатко Милошев еден од припадниците на Шестата управа за обезбедувањен објекти и лица, но како што велат нашите извори, тој никогаш не работел на обезбедување на највисоките фунцкионери, било во владата било во самото МВР. Другите две жртви биле познати како дилери на дрога во западна Европа, потврди соговорникот.Лицето на кое се уште не му се отркива вистинскиот идентите во четвртокот околу 20 часот, со калашников пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка.Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец.Првично едното лице почина на лице место, а другите двајца починаа во Клиничкиот центар.Подетални информации за синоќешното убиство полицијата најавува за на пладне
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

