Црна хроника
Македонец фатен во Париз со 2,5 кгр. кокаин

Триесетгодишен Македоноце бил приведен од француската полиција на еден од париските аеродроми заради трговија со дрога
Според информациите на телвизија Сител, станува збор за Борјан Китановски, кој бил приведен од француската царина со два ипол килограми кокаин,а бил регистриран како музички менаџер. ПРи претресот, францсуките полицајци ја пронашле дрогата во сепцијално изработен простор во куферот, каде биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја која на тестирањето покажала дека станува збор за кокаин. Тој, пренесува телевизијата, бил приведен по враќање од Доминиканската Република, каде бил на одмор. Со него патувала и девојка која по распитот била ослободена, а уапсениот бил ренесен во атворот „Бобини“. Македонската амбасада во Париз не добила информација дека ќе биде екстрадиран.„Полицијата би не’ контактирала доколку лицето биде пренесно во Македонија“, изјавиле од амбасадата на Македонија во Париз за Сител, според чии извори Китановски во својата одбрана пред француската царина рекол дека дрогата не била за него. Ја носел на луѓе кои му платиле за транспортот.Скандалозните димензии на овој инцидент потекнуваат од тоа што телевизијата наведува дека станува збор за синот на поранешниот министер за одбрана, Лазар Китановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.