Црна хроника
Кривични пријави против лицата кои ја нападнаа шумската полиција кај Петрино
Охридската полиција поднесе кривична пријава против четири лица, сите од охридското село Велгошти за напад врз шумската полиција кај Петрино
Кривичната пријава се однесува и за уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет. Инцидентот се случи во саботата, на местото Петрино, кога припадниците на Шумската Полиција преземале мерки за пронаоѓање на лица кои незаконито сечеле и вршеле транспорт на огревно дрво. Со цел расчистување на случајот, СВР Охрид има повикано на разговор повеќе лица, а кај првопријавениот е извршен претрес со обезбедена Судска наредба. Притоа пронајден е и одземен гасниот пиштол. Од страна на службата продолжуваат мерките за целосно расветлување на овој настан, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

