Црна хроника
Пуштен уште еден притворен во случајот со убиството на српскиот турист во Охрид
Од истражниот затвор Скопје, вчера е пуштен охриѓанецот Ѓоко Наумоски, обвинет за помагање по извршено кривично дело во случајот со убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што ова лето се случи во Охрид, јавува Охридњус.
Ѓоко Наумоски, кој инаку е вработен во кабарето „Куба либре – Хавана“, од синоќа се наоѓа во домашен притвор, каде веројатно ќе остане до почетокот на судскиот процес, дознава Охридњус од извори на одбраната.Неговата одбрана верува дека во текот на постапката ќе се докаже невиноста на Наумоски, кој во притвор мина точно три месеци.Претходно Обвинителството се откажа од понатамошно кривично гонење на Јане Шокароски, Петар Шенгулоски, Борче Чулукоски и Јован Ѓорески, сите од охридско, за кои немало докази дека биле инволвирани во убиството на Дејан Новаковиќ. Тие на 12-ти ноември беа пуштени од притвор, каде до судењето остануваат Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид, кои заедно со Драган Ѓорѓевиќ, српски државјанин, кој е во бегство, се товарат за убиство на свиреп начин за што Законот предвидува казна затвор од десет години до доживотен затвор. На 27 август српскиот државјанин 34-годишниот Дејан Новаковиќ беше претепан до смрт во тепачка во центарот на Охрид. Веднаш по инцидентот беа притворени седум лица од Охрид, за подоцна четворица од нив да бидат ослободени од понатамошно кривично гонење, едно ќе одговара за прикривање докази, додека за убиството се обвинети три лица, од кои едно се уште не е достапно за органите на прогонот.Судскиот процес за убиството на српскиот турист се очекува да биде закажан наскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

