Црна хроника
Екстрадиран Тони „Манџа“
Министерството за внатрешни работи вчера од бугарската полиција го презеде Тони „Манџа“ кој веднаш е префлен на издржување на затворските казни во казнено поправниот дом „Идризово“, информираше денеска портпаролот на МВР Иво Котески.
„Тони К. беше пронајден во Бугарија каде, под друг идентитет, издржувал казна затвор за сторено кривично дело на бугарска територија. По претходно добиени оперативни сознанија и информации дека бегалецот се наоѓа во Бугарија со лажни документи на име Лазар Маринов Русеков од Софија, македонската полиција стапи во контакт со бугарската, по што беа испратени негови отпечатоци и фотографии за прецизно идентификување на осуденикот. Веднаш потоа беше потврден неговиот идентитет и со оглед на тежината на делата сторени на македонска територија, започна постапката за екстрадиција“, образложи Котески.Лицето кое беше барано со меѓународна, црвена потерница, преку Интерпол, на македонската полиција и било предадено на граничниот премин „Деве Баир“. Последната потерница по него била распишана поради сторено кривично дело „разбојништво“.Последен пат Тони К. успеал да побегне на 10 јуни 2009 година од хируршкото одделение во Медицинскиот центар Гевгелија, откако му бил извршен хируршки зафат поради повреда на крвните садови на раката која предизвикала обилно крварење.Набргу по бегството доброволно и се предаде на полицијата и по изведувањето пред надлежен Истражен судија во Основниот суд Струмица му била изречена мерка притвор од 20 дена.Ова, како што рече Котески, не е прво бегство, ниту прва екстрадиција на Тони „Манџа“ по распишана меѓународна потерница.Во 2005 г. на бил екстрадиран од Грција, а поради бегството од издржување казна, заработил уште шест месеци затвор.„Во 1999 година од страна на Основен суд Скопје 1 поради сторено кривично дело „двојно убиство“ е осуден на казна затвор во времетраење од 15 години. Во 2007 година, истиот суд му изрече казна затвор во времетраење од девет месеци за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Во 2003 година, Основниот суд во Велес за сторено кривично дело „бегство на лице лишено од слобода“ го осуди на казна затвор од шест месеци“, објасни потпаролот на МВР.Поради „разбојништво“ извршено во група, годинава велешкиот суд во отсуство го осудил на затворска казна од 10 години.Додека бил малолетен. „Манџа“ бил пријавуван за 24 дела „тешка кражба“, за 21 кривично дело „одземање на моторно возило“ и за пет кривични дела „кражба“ за што му била изречена мерка „упатување во воспитно-поправен дом“.Котески посочи дека против него во тек се уште две постапки за кривични дела „одземање на моторно возило“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

