Црна хроника
Бајруш Сејдиу останува во притвор – судиите пред разрешување?
Бајруш Сејдиу останува во притвор. Врховниот суд на Република Македонија одлучи да го преиначи решението на Апелациониот суд со кое Бајруш Сејдиу требаше да биде пуштен во домашен притвор
. Истовремено Врховен побара од Судскиот совет да ја преиспита работата на судиите од Апелација кои ја донесоа одлуката за замена на притворот во Шутка со домашен притвор.Пред четири дена, кумановскиот тобако-бос, доби решение притворот во Шутка да го замени со куќен притвор. Како гаранција понудил над 1.360.000 евра. Во март годинава Бајруш беше осуден на пет години затвор во акцијата Пепел. Но оваа пресуда се уште не е правосилна.Во овој судски процес им се судеше на вкупно 32-ца обвинети во криминалот со фалсификување на цигари, неплаќање акцизи и злосторничко здружување.Во кривичниот суд се води уште еден процес за продолжение на акцијата Пепел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

