Црна хроника
Пешак усмртен од воз на станицата Скопје-Север
Седумдесетгодишен маж починал од удар на воз во Скопје, во саботата во железничка несреќа којашто се случила во 16.55 часот впред влезот на железничката станица Скопје-Север, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Меѓународниот воз бр.892 којшто сообраќал на релацијата Скопје – Приштина, го удрил во пешакот Али А. од селото Дедели, Валандовско, кој од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место. Како што информираат од МВР, екипата на Брза помош којашто била повикана на интервенција, само ја моќела да ја коонстатира смртта на сдумдесетгодишниот Али.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на истражен судија, телото на починатиот е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

