Црна хроника
Диви животни искасапиле старец во неговиот дом
Седумдесетипетгодишен старец пронајден е мртов во неговиот дом во пробиштипското село Селце, со видни повреди на телото, за кои се претпоставува дека е можно да настанеле од животни
Безживотното тело Иван С.(1935) било пронајдено вчера попладне од страна на неговиот внук, кој заедно со уште едно лице, дошол од Штип за да го посети својот дедо.Кога пристигнале во куќата која била во распаѓање (без прозорци и врати), го пронашле Иван во една од собите со видливи повреди на телото, за кои се претпоставува дека е можно да настанеле од животни, се вели во соопштението на МВР.Увид на лице место извршиле истражна екипи на штипската полиција, по што е дадена наредба, телото на починатиот да се даде за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

