Црна хроника
Уапсените од акцијата „Диригент“ пред истражен судија
Уапсените од вчерашната акција „Диригент“ во моментов се носат пред истражен судија во Основниот суд во 1 во Скопје, соопштуваат од МВР
Дваесет идев-мината уапсени во акцијата „Диригент“ се дел од озлогласената ткн. Франкфуртска мафија и се сомничат за трговија со дрога и перење пари во Австрија и Германија.Во акцијата која се спроведуваше во четири градови низ Македонија, приведени се и водачите на групата Зоран Манасков – Скршениот, како и Спасе Димовски – Ајдукот и неговиот син Томе Димовски. Апсења и претреси беа вршени во четири градови во земјата, Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе. Дел од активностите се уште траат- информираат од МВР. Во акцијата учествуваат 350 полицајци.Во домовите на уапсените се пронајдени пари во странски валути, гасни пиштоли и дрога. Детали за пронајдените докази против организаторите и шверцерите на дроги ќе бидат соопштени по целосното завршувње на акцијата.Уапсените ќе одговараат за перење пари и недозволена трговија со дрога. Тројцата главни осомничени според полицијата организирале голема мрежа дилери кои доминирале на илегалниот нарко-пазар во Австрија и Германија. Деновиве паралелна акција била спроведена и од австриската полиција. Во неа биле уапсени биле 60-ина лица главно, од Велес но дел од нив и од соседните земји. Сите работеле под директива на во средата уапсените велешани.Скршениот и Јордан Јордановски Ркулот кој на почетокот на септември беше убиен во пукотницата во трговскиот центар „Три Бисери“, беа уапсени и минатиот февруари во акцијата на МВР за разбивање на оваа криминална група. И тогаш ’Ркулот и Скршениот, беа осомничени дека ги организирале своите сограѓани од Велес да продаваат хероин во Германија и во Австрија, но поради недостиг од докази беа осудени само за нелегално поседување оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

