Црна хроника
„Франкфурт мафијата“ се апси и во Виена
Австриската полиција во средата и четвртокот во Виена уапсила 69 лица кои се сомничат дека се членови на македонска криминална група, која се занимава со шверц на дрога во западна Европа
Сојузната канцеларија за криминалистички истраги во Виена, соопшти дека станува збор за една од најголемите полициски операции против организираниот криминал во Европа. Во текот на операцијата на австриската полиција биле спроведени неколку десетици рации.Македонската полиција во вчерашната акција „Диригент“ уапси 29 лица од четири града, а меѓу уапсените се и организаторите на озлогласената „Франкфурт мафија“. Во вчерашната акција во Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе учествувале 350 полицајци, а уапсен е Зоран Манасков – Скршениот, Спасе Димовски – Ајдукот и неговиот син Томе Димовски сите од Велес.Во текот на денешниот ден е закажана заедничка прес конференција на официјални полициски лица од Австрија и Македонија, на која ќе бидат изнесени повеќе детали за акциите спроведени во двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

