Црна хроника
Труење со лекови, причина за смртта на мајката и ќерката
Мајката и ќерката кои во понеделникот околу 18:30 часот беа пронајдени мртви во стан во скопската населба Карпош најверојатно се отруле со лекови, соопштуваат од судска медицина. Тие се две од вкупно четирите мртви жени кои синоќа беа најдени на разни локации во Скопје
„Нема никакви знаци на насилство, нема скршеници, ниту убодни рани или рани од огнено оружје. Двете биле со одредена дијагноза на психички болести и нас тоа не води кон евентуално присуство на медикаменти односно дека станува збор за труење со лекови“, вели доктор Здравко Чакар од судската медицина. Лекарите дополнително ќе утврдуваат колку време жените биле мртви.Соседите кои неколку дена не ги виделе мајката и ќерката и поради смрдеата случајот го пријавиле во полиција. Синоќа полициски службеници заедно со членови на куќниот совет насилно влегле во станот, кој бил заклучен и ги пронашле телата на двете жени.По идентификацијата на телата, од МВР информираа дека станува збор за седумдесет годишната Анка Андонова и нејзината четириесет и четиригодишна ќерка Снежана Чекреџиева.Вкупно четири мртви жени беа пронајдени вчера во Скопје, покажуваат полициските податоци. Три од жените имаат околу седумдесетина година, додека најмладата има 44 години. Од судска медицина велат дека нема никаква поврзаност меѓу четирите жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.