Црна хроника
Ограбен и ранет сопственик на менувачница во Гостивар
Двајца непознати вооружени и маскирани разбојници синоќа околу 20 часот ограбиле и раниле сопственик на менувачница во Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово
Според исказот на повредениот, двајцата разбојници, едниот вооружен со пиштол, другиот со автоматска пушка, го пресретнале пред неговата семејна куќа во населбата Бањешница.Заканувајќи му се, му наредиле нему и на неговите синови, кои биле заедно со него во „голфот“ да излезат од автомобилот. Едниот од разбојниците испукал кус рафал во неговите нозе, кој завршил во десната натколеница. Вооружените разбојници влегле во „голфот“ и избегале во непознат правец заедно со чантата на сопственикот на менувачницата во која имало 12.000 евра и ваучери за мобилен телефон. Истражите органи извршиле увид на лице место, а повредениот бил пренесен во гостиварската болница, по што бил пуштен на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Црна хроника
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.
Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.
Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.

