Црна хроника
Убиен сопственик на менувачница во Куманово
Сопственикот на кумановката менувачница „Дај Дам“, Бранко П. (62) убиен е изутрината од страна на непознато лице, кое при грабежот успеало да однесе 2.380.000 денари (над 38 илјади евра)
Како што соопшти министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во седум часот изутрината пред менувачницата, која е лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово.Според првичните информации, непознато маскирано лице со фантомка на главата, со огнено оружје го застрелал сопственикот на менувачницата Бранко П, при што му одзел чанта, во која имало денари и девизи во висина од околу 2.380.000 денари. Сопственикот на менувачницата бил префрлен во Медицински центар Куманово, каде што од страна на лекар е констатирана е смрт која настанала како последица од прострелни рани во пределот на градниот кош Кумановската полиција работи на откривање на сторителот и целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

