Црна хроника
Разбојници украле такси-возило
Вчера околу 19часот двајца непознати лица во центарот на градот успеале да од таксист да одземат автомобил
Според информации објавени од полицијата, разбојништвото се случило на улицата „Димитар Влахов“ од страна на двајца сторители. Разбојништвото во Велес било извршено над 52-годишниот велешанец со иницијаи С.Н., при што напаѓачите го одзеле возилот „даево матиз“ со велешки регистарски таблички.Разбојништвото е извршено така што осомничените лица се качиле во такси возилото и заканувајки му се со нож му наредиле да излезе, по што исите со возилото заминале од местото на настанот.СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на лицата и возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

